Калин со нова победа во Дејвис купот

Калин Ивановски ја запиша и третата победа во Дејвис купот, овојпат против Илија Снитари по два сета со 6-4, 7-6.

Македонија со тоа поведе со 2-0 против Молдавија во групата 3, а во овие моменти и вториот македонски претставник Горазд Србљак го започна дуелот против Цозбинов од Молдавија.

Ивановски во првиот сет направи брејк за 3-2 во гемови, со што си го отвори патот за водство. Бркаше негатива и во вториот сет, Калин загуби гем на свој сервис за 3-5, но веднаш го возврати ударот и се избори за тајбрејк, во кој беше подобар со 7-5.

- Оглас -

Најнови вести