Калјари до 93-тата минута губеше, а на крајот со гол со ножички дојде до победата (Видео)

Фудбалерите на Калјари во последниот натпревар од 15-тото коло во Серија А дојдоа до неверојатна победа над Сасуоло од 2:1 иако до 93-тата минута губеа.

Домаќинот со два гола во судиското продолжение, прво преку Лападула во 93-тата и на Паволети во 98-мата минута, успеа да направи пресврт и да слави со 2:1. Посебно прекрасен беше голот на Паволети бидејќи го постигна со ножички.

Голот за Сасуоло го постигна Ерлиќ уште во седмата минута.

- Оглас -

Најнови вести