Калмар има и топ-талент и голем јунак – Тинејџерот Мортенсен спаси човечки живот

Алекс Мортенсен е голем талент на шведскиот фудбал, има само 18 години, а со херојски чин успеа да спаси човечки живот.

Тинејџерот, кој има 18 години, спречил непознат човек да се самоубие со скок од мост. Мортенсен со велосипед се враќал од тренинг на Калмар, а потоа се случувала вистинска драма кога го минувал мостот на патот кон дома.

„Забележав вознемирен човек, кој веќе беше подготвен да скокне од мостот. Му се доближив внимателно и успеав да му ја блокирам левата нога за да не може да скокне. Со десната веќе беше преку мостот и малку недостасуваше да си го одземе животот. Се обидов да го смирам, а потоа повикав полиција. За среќа, успеавме да го оттргнеме човекот од намерата да си го одземе животот“, раскажа за шведските медиуми фудбалерот на Калмар.

Среќа во целиот случај е што Мортенсен најчесто оди на тренинг на Калмар со велосипед, па успеал да го забележи човекот и да му го спаси животот.

„Се надевам дека сè ќе биде в ред со човекот. Не сторив ништо посебно, само помогнав да не се случи трагедија“, скромен е 18-годишниот талент на Калмар.

 

 

- Оглас -

Најнови вести