Калверт-Луин ја здрма Премиер лигата – Најбрз до 10 гола во последната деценија (Видео)

Доминик Калверт-Луин гази безмилосно во Премиер лигата и тој е стрелецот што најбрзо стаса до 10 гола во последната декада во англиското првенство.

Денеска му даде два гола на Фулам во победата на Евертон од 3:2 на гостински терен и на девет одиграни натпревари веќе стаса до десетка.

Шпицот на Карамелите беше прецизен во 40. секунда од мечот во Лондон, што е еден од најбрзите погодоци сезонава во Европа.

https://twitter.com/VnknownD/status/1330482300505690117?s=20

Потоа импресивниот шпиц на Евертон со нов гол во 29. минута одговори на израмнувањето на Фулам и повторно ги врати гостите во водство.

https://twitter.com/Dee_FTTV/status/1330489167021813762?s=20

Одличен меч одигра и бекот на гостите Дињ, кој имаше две асистенции, а на негово додавање по Калверт-Луин погоди и Дукуре и во 35. минута Евертон веќе водеше со 3:1.

Фулам промаши пенал во 68. минута што можеби и ги чинеше еден бод, а само 120 секунди подоцна погоди Лофтус-Чик за конечни 2:3.

- Оглас -

Најнови вести