Камбекот му беше скромен, Јувентус воопшто не размислува да плати 35 милиони евра за Мората

Алваро Мората не ги задоволи вкусовите во таборот на Јувентус и камбекот му беше неуспешен, па ќе мора да се врати во Атлетико Мадрид.

Црно-белите од Торино воопшто и не размислуваат да ја платат отштетната клаузула од 35 милиони евра за Мората, што е предвидена со позајмицата од Атлетико Мадрид.

Напаѓачот на Јувентус пристигна со цел да ги репризира одличните фудбалски партии од периодот 2014-16 година кога пристигна во Торино од Реал Мадрид и беше дел од шампионската генерација на Старата дама која доминираше во Италија.

Преклани пак дојде во Јувентус, овојпат од редовите на Атлетико Мадрид како позајмен фудбалер, но не прикажа ниту дел од репертоарот што од него го очекуваа во Торино, па ќе мора да си замине ова лето и тоа назад во таборот на Јорганџиите.

Интересно е што во вториот обид во Јувентус, Мората, постигна четири гола повеќе на два меча повеќе од првото доаѓање во клубот, но во овие две години Јувентус не беше шампион и тоа ќе влијае да не биде платена отштетната клаузула од 35 милиони евра.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести