Камерите не снимаа, ама ова е срамно – Се степаа во публика на финалето меѓу Ѓоковиќ и Кирјос

Камерите на Вимблдон не ја снимаа тепачката на трибините што се случи во четвртиот сет од машкото финале меѓу Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос.

Инцидентот што е срамен и неприфатлив за спорт каков што е тенисот ги шокира сите на Централниот терен, вклучувајќи ги и двајцата финалисти.

Финалето ќе се памети и по тепачката, а на турнирот годинава имаше доста пропусти и организациски киксови, па се случи и двете финалистки Елена Рибакина и Онс Жабер да играат без присуство на нивните родители поради тоа што не им беше одобрена виза.

Машкото финале се уште се игра, а Ѓоковиќ води со 2:1 во сетови.

 

- Оглас -

Најнови вести