Камерман со опрема трчаше побрзо од спринтерите на 100 метри (Видео)

Анонимниот Хао Хијаојанг може да се пофали дека е најбрзиот камерман на 100 метри. Студентот на факултетот за спорт бил задолжен со камера да ја снима трката на 100 метри на универзитетското натпреварување во Кина, а за неколку секунди стана вистински хит на интернет.

Застанат на последната патека, со камерата во рака, тој беше побрз од атлетичарите кои требаше да ги снима. Точно е дека Хао имаше неколку метри предност на почетокот затоа што стоеше понапред, но до крајот на трката не само што ја задржа таа предност, туку и ја зголеми.

- Оглас -

Најнови вести