Камерунките со своето однесување го згрозија фудбалскиот свет (Видео)

Репрезентацијата на Англија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство за жени, откако со 3:0 ги победија ривалките на Камерун. Гордиот Албион без поголеми проблеи стигна до триумф, а мечот ќе биде запамтен по однесувањето на фудбалерките на Камерун.

Се започна со однесувањето на Еџанге која без никаква причина ја плукна противничката Дуган. Иако постои ВАР систем, фудбалерката на Камерун остана неказнета. Плукањето може да го видите тука. 

Следниот чуден потег се случи кога Англија го даде вториот гол. Камерунките не сакаа да тргнат од центарот, туку само се собраа и неколку минути направија тајм-аут и се договараа како да продолжат. Судиките залудно ги молеа да продолжат, а паузата траеше додека Камерунките не направија договор.

Следната чудна ситуација се случи кога една камерунска фудбалерка без никаква почит буквално ја турна судијката и за тоа остана неказнета.

https://twitter.com/i/status/1142840892660899841

Во последните секунди на мечот, како кулминација на тепањето од страна на Камерунките врз Англичанките, се случи старт кој можеше да заврши со скршеница, но за среќа немаше посериозна повреда.

- Оглас -

Најнови вести