Канада е опасна и без Џамал Мареј, ја совлада Шпанија во Гранада

Кошаркарската репрезентација на Канада ја победи Шпанија со 85-80 во пријателски меч во Гранада кој беше одлучен по петминутно продолжение.

Канаѓаните со овој триумф потврдија дека се кандидат за медал на претстојното Светско првенство кое се игра во три азиски земји, иако пред некој им откажа можеби и најдобриот играч, Џамал Мареј од Денвер нагетс.

Во отсуство на Мареј, лидерската палка ја презема Шаи Глиџиус Александер, а против Шпанија одлични беа и РЏ Берет и Двајт Пауел.

Според квотите во Sport Life, Канада е втор фаворит за златото по Американците.

- Оглас -

Најнови вести