Канада го понижи Либан и победи со 55 разлика, поставен интересен рекорд на СП

Третиот ден од кошаркарското Светско првенство го донесе и најубедливата победа во турнирот. На дуелот од Х групата одигран во Џакарта, селекцијата на Канада немаше милост против Либан и победи со 128:73.

Уште во самиот почеток Канада тргна фуриозно, па на полувреме резултатот беше 66:30. Либан е далеку од елитната светска кошарка, но благодарение на лесната конкуренција во Азија, доби шанса да игра на Светското првенство, на кое има 32 селекции.

Дури 10 од 12-те кошаркари на Канада постигнаа двоцифрен број на поени, што се случува прв пат во историјата на Мундијалите. Во првото коло Либан загуби од Летонија со 109:70, а сигурно дека и во последното трето коло против Франција ќе биде убедливо поразен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести