Канада има 17 НБА-играчи, а само еден од нив ќе игра на СП

Ник Нурс, селекторот на канадската репрезентација, е на големи маки околу составувањето на тимот за претстојното Светско првенство во кошарка, кое почнува на 31 август и ќе се игра во Кина.

Последно во низата откажувања е она на Кори Џозеф, новиот член на Сакраменто кингс. Џозеф играше на контролните средби против Нигерија, но не се појави против Австралија и сега веќе стигна потврда дека нема да игра на Мундобаскетот.

Така, Канада која на списокот кандидати имаше дури 17 кошаркари од НБА-лигата и делуваше како тим кој има потенцијал за финале и медал, остана само со еден НБА-играч, и тоа центарот Кем Бирч. Неодамна откажа Кели Олиник поради повреда.

- Оглас -

Најнови вести