Паралелно со Европското првенство, започнува разврската и борбата за трофејот и на Копа Америка. Вечерва по полноќ се игра првото полуфинале помеѓу бранителот на трофејот, Аргентина, и селекцијата на Канада.
Сосема очекувано, актуелниот светски шампион, Аргентина, е голем фаворит според квотите во Sport Life. Квотата за победа на Лионел Меси и соиграчите е 1.37, додека сензација и победа на Канада има квота од 10.30.
Аргентина и Канада имаат одиграно само два меѓусебни натпревари и двата им припаднале на Аргентинците со 2-0, односно со 5-0.