Канадскиот селектор со скандалозна изјава: Одиме да ги еб*ме Хрватите

Канада одигра одличен меч против Белгија, но загуби со 1:0 и си ги намали шансите за поминување на групната фаза. Канаѓаните промашија и пенал во првиот дел, а потоа примија гол кој беше доволен за победа на европската селекција. Освен што промашија пенал и за тоа може да жалат, Канаѓаните беа разочарани и од судиите, кои направија грешка која дефинитивно можеше да влијае врз конечниот исход.

По мечот со Белгија, селекторот на Канада, Џон Хердман, даде скандалозна изјава. „Им реков на играчите дека ние припаѓаме да сме тука и дека ќе одиме да ги еб*ме Хрватите. Едноставно е“, изјави Хердман, кој потоа додаде дека е горд на играчите и дека сите заедно треба да веруваат во успех.

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, даде пофални зборови за играта на Канада и дека неговиот колега Хердман дал изјава како што мислел дека треба да даде.

„Канада требаше да ја победи Белгија. Играат офанзивно, делуваат моќно на теренот. Мечот го загубија поради една грешка. Во нашата група нема слаба екипа. Канада има право да се надева, но нам ни останува да ги победиме и да ја оствариме нашата цел. Господинот Хердман така се изрази и тоа е негово право. Секој има право на кој начин ќе се изразува, но не знам колку е убаво да се каже такво нешто. Нема многу да зборувам за тоа. Ние треба да зборуваме на теренот и не смееме да ја прифатиме негативната енергија“, рече Далиќ.

Хрватска во првото коло ремизира без голови против Мароко и сега треба да брка триумф против Канада, која е без бодови.

- Оглас -

Најнови вести