Канадските НБА-ѕвезди ја понижија Франција во дербито на СП

Првиот ден на Светското првенство кое се одржува во Јапонија, Индонезија и Филипини, требаше да заврши со дерби, но пресметката крајот се претвори во шоу на НБА-ѕвездите кои играат за Канада.

Канада во дербито на денот ја понижи Франција победувајќи ја со 95:65.

Иако првата ѕвезда, Џамал Мареј, непосредно пред стартот на СП го откажа настапот, Канада има силна репрезентација во која се НБА-ѕвезди како Шеј Гилџес-Александер, Дилон Брукс, Кели Олиник, Ар Џеј Берет, Двајт Пауел…

Триколорите беа рамноправен противник само во првата четвртина која ја добија со 14:18, за во втората четвртина Канаѓаните да направат пресврт и да одмор да заминат со три поени предност (43:40).

Дилемите околу победникот беа решени во третата четвртина која Канада ја доби со неверојатни 25:8 и во последните десет минути влезе со дури 20 поени предност, која до крајот и ја зголемија на плус 30.

Фантастична партија прикаа Шеј Гилџес-Александер кој имаше дабл-дабл од 27 поени и 13 скока, како и Кели Олиник кој постигна 18 поени. Кај Французите, единствен расположен за игра беше Еван Фурние кој постигна 21 поен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести