Канаѓанецот Де Грас ги остави зад себе Американците и стигна до златото на 200 метри

Канадскиот атлетичар Андре dе Грас го освои златото во трката на 200 метри спринт во машка конкуренција оставајќи зад себе четворица американски атлетичари.

Де Грас претходно го освои бронзениот медал на 100 метри спринт, но денес се покажа како најдобар на двојно подолгата трка. Канаѓанецот запиша време од 19.62 секунди, што е национален рекорд, а за 32 стотинки беше поспор од олимпискиот рекорд на Јусеjн Болт.

Со сребро се задоволи Кенет Беднарек од САД, бронзата му припадна на Ноа Лајлс.

- Оглас -

Најнови вести