Канаѓанка е сензационална светска шампионка во слалом, на фаворитката Шифрин не и се веруваше дека остана без златото

Канаѓанката Лоренс Сен Жермен е сензационална светска шампионка во слалом на СП што се одржува во Мерибел, Франција, триумфирајќи со време од 1:43.15 минута.

Сен Жермен која во досегашната кариера немаше пласман на победничкиот подиум, првата трка ја започна со стартен број 18, и ја заврши со шесто најдобро време,со 61 стотинка послабо од Американката Михаела Шифрин, која беше најдобра по првата трка.

Сен Жермен фантастично ја извозе втората трка, со која си обезбеди најмалку трето место бидејќи трите скијачки пред неа имаа послабо време. Потоа дојде на ред на патеката да се појават двете најдобри од првата трка.

https://twitter.com/i/status/1626944720466239489

Второпласираната по првата трка, Венди Холденер од Швајцарија, имаше подобро време од Сен Жермен, но во вториот дел од патеката, ја грегази капијата и остана без пласман.

Последна на патеката се појави најдобрата од првата трка, четирикратната светска шампионка во слалом, Михаел Шифрин, но извозе доста слабо, го имаше дури 29-тото најдобро време и трката ја заврши на второто место со 57 стотинки заостаток зад сензационалната светска шампионка, Сент Жермен.

На целта, Шифрин беше изненадена од резултатот, не и се веруваше дека не успеа да ја искористи предноста од првата трка и дека не го освои златниот медал.

Бронзениот медал го освои, Лена Дуер од Германија која заостана 69 стотинки зад шампионката.

До денешната трка во Мерибел, Лоренс Сен Жермен никогаш не била на подиумот, а нејзиниот најдобар резултат на трките од Светскиот куп беше петтото место што го освои во паралелен слалом, додека беше шеста во класичниот слалом пред нешто повеќе од две години во Леви.

- Оглас -

Најнови вести