Канаринците се будат со засилувања од Бундеслигата

Норвич се засили со двајца играчи од Бундеслигата во обидот да го избегне најлошото во Премиер лигата и повторно и идната сезона да се обезбеди настап во најсилната лига во Англија.

По Ондреј Дуда, кој пристигна на „Кероу роуд“ како позајмен играч од Херта, денеска нов Канаринец стана и Лукас Руп. Тој досега играше за Хофенхајм, а потпиша договор со Норвич до 2022 година.

View image on Twitter

Ова е логичен потег на раководството на Норвич, екипа што е последнопласирана во Премиер лигата само со 14 бода од 22 натпревари. И изборот да се купуваат играчи од Бундеслигата е очекуван бидејќи тренер на Норвич е Германецот Даниел Фарке.

Популарните Канаринци се во серија од 9 меча без победа во Премиер лигата, а се очекува Дуда и Руп да дебитираат веќе следниот викенд на дуелот против Борнмут.

- Оглас -

Најнови вести