Канатларовски: Нема да ги повториме грешките од Франција, со Србија ќе биде поинаку

Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година денеска од 16 часот на стадионот „Билјанини извори” во Охрид ќе одигра натпревар против соодветната селекција на Србија во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2023 во Романија и Грузија.

Селекторот на нашите младинци, Драги Канатларовски, вели дека е извлечена голема поука од натпреварот со Франција, кој го загубивме со 0-3 во Ле Ман. И Србите не се прославија на стартот, дома загубија од Украина со 0-1.

„Максимално сме фокусирани на дуелот со Србија. Момците се подготвени, работевме напорно овие неколку денови во Охрид со цел подобро да одиграме на овој меч со Србија. Извлековме голема поука од натпреварот со Франција. Нема да ги повториме истите грешки. Фудбалерите се свесни дека одигравме лош натпревар и оттаму желбата за докажување е голема. Дуелот со Србија ќе биде многу поразличен од тој со Франција. Атмосферата е одлична и се надевам дека ќе ја израдуваме фудбалската јавност“, изјави селекторот Канатларовски.

- Оглас -

Најнови вести