Канатларовски: Треба да работиме за да создадеме нов Пандев, нов Панчев…

Драган Канатларовски од 1 август и официјално ја превзема функцијата да биде нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година. Популарниот Цапар ќе го предводи младиот тим во квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 година.

„Голема чест и привилегија да бидам на чело на оваа селекција која треба да биде сервис на А тимот. Чувствувам упште поголема енергија, поголема сила поголема мотивација да се докажам на оваа нова функција каде што треба да се произведат многу нови пандеви,плаччеви, елмас, барди. Сигурен сум дека ќе ја оправдам оваа доверба, поготово што позади мене имам големо репрезентативно искуство како поранешна СФРЈ, на Македонија, селектор на А тимот два пати. Максимално ќе работам на подобрување на квалитетот, бидејќи со учеството на ЕП за млади оставивме голем печат, а потоа следуваше и учеството на А тимот. Македонија отсекогаш имала таленти. “, рече Канатларовски во изјава за ФФМ.

Во стручниот штаб на селекторот Драги Канатларовски се вклучени асистентите Шкумбин Арслани и Драган Начевски и тренерот на голмани, Зоран Мицевски.

 

- Оглас -

Најнови вести