Канаваро нема дилема кој ја заслужува Златната топка за 2021 година

По завршување на Европското првенство и Копа Америка, многумина веќе започнаа со калкулација за тоа кои играчи се во конкуренција за освојување на Златната топка за оваа година. Поранешниот италијански репрезентативец Фабио Канаваро вели дека за него нема дилеми кој треба да го освои најзначајното поединечно признание во фудбалот.

„Лионел Меси е апсолутно број 1 и голем херој на Копа Америка. Тој е фаворит за освојување на Златната топка“, вели Канаваро кој ја освои Златната топка во 2006 година, кога Италија триумфираше на Светското првенство.

Канаваро го стави Меси пред Џиџи Донарума, кој беше прогласен за најдобар играч на Европското првенство. Легендарниот дефанзивец вели дека пред Донарума се уште блескави денови во годините кои доаѓаат.

„Изненаден сум дека некои и пред Европското првенство мислеа дека тој е просечен голман. Нема ништо просечно во неговите одбрани. Има само 22 години и во следните 10-15 години ќе биде најдобриот голман во светот“, вели Канаваро.

- Оглас -

Најнови вести