Канаваро со велосипед од Неапол до Колосеумот во Рим за помалку од 8 часа, некои не му веруваат

Најдобриот фудбалер на светот за 2006 година, Фабио Канаваро, на социјалните мрежи собра илјадници лајкови, откако објави дека со велосипед извозел од Неапол до Рим, со финиш пред Колосеумот во Вечниот град.

Канаваро со уште десетина пријатели, патот од 254,8 километри го минале за 7 часа и 43 минути.

Канаваро собра многу лајкови и доби позитивни коментари, секако допаѓање доби и од легендата на Рома, Франческо Тоти, а еден поранешен играч на Рома, Симоне Перота, како да не му верува на Канаваро дека направил таков подвиг.

- Оглас -

Најнови вести