Кандидатот за претседател тврди: Го анализирав договорот, Меси не може да замине без отштета

Хоан Гаспар, еден од кандидатите за нов претседател на Барселона, тврди дека детално го анализирал договорот на Лионел Меси со клубот и заклучил една работа. Меси не може да си замине ова лето без отштета!

На споменeтата клаузула според која Меси може да го раскине договорот ѝ е истечен рокот, што значи дека капитенот ќе биде слободен да го напушти „Камп ноу“ само со одредена сума, а таа наводно изнесува рекордни 222 милиони евра. Меси има клаузула од 700 милиони евра, но тешко дека во ситуација на финансиски колапс по пандемијата со корона-вирусот ќе се најде клуб да плати толку енормна сума.

„Ако сака да си оди, ќе мора да чека до јуни 2021 година. Го анализирав договорот и јасно е, клаузулата за раскинување на соработката му заврши. Доколку ниту еден клуб не ја плати договорената отшетта, Меси ќе остане во Барселона уште една година. Во овој случај се прашува клубот, а не играчот. Го обожувам Меси, но повеќе ја сакам Барселона и во овој случај тој не може да бара да си замине без отштета“, истакна Гаспар за шпанскиот лист „Марка“.

- Оглас -

Најнови вести