Кансело е фрустриран во Минхен: Наместо ѕвезда, стана резерва во Баерн!

Португалскиот бек Жоао Кансело, кој во јануарскиот преоден рок од Манчестер сити се пресели во Баерн Минхен, со тој трансфер веруваше дека ќе има поголема минутажа во голем клуб, но тие надежи брзо се распрснаа.

Кансело на тренинзите јавно изразувал нервоза и фрустрација. Тој за баварскиот клуб одигра само 191 минута од можните 450 на последните пет меча.

Тренерот Нагелсман објасни дека Кансело не е навикнат да игра во одбрана со тројца и затоа од тактички причини не влегол во игра против Штутгарт, но додаде дека сериозно смета на него и не го отпишува.

- Оглас -

Најнови вести