Кансело иако е незадоволен во Баерн, може подолго време да остане во Минхен

Англискиот и германскиот шампион, Манчестер сити и Баерн Минхен, налето би можеле да направат размена со која Жоао Кансело подолго време би останал на „Алијанц арената“.

Кансело во зимскиот преоден рок пристигна во Баерн на шестмесечна позајмица, со можност неговиот договор на крајот од сезоната да биде откупен за 70 милиони. Но, Португалецот одигра само неколку натпревари во првиот тим и беше преселен на клупа, по што јавно изјави дека е незадоволен од статусот во Баерн.

Челниците на Сити размислуваат поинаку, немаат намера да го вратат Португалецот и планираат на управата на Баерн Минхен, да ѝ предложат размена, Кансело за Серж Гнабри.

Германецот сезонава падна во втор план откако тренерот Јулијан Нагелсман го промени системот на игра и често натпреварите ги започнува од клупата за резервни играчи.

Од друга страна,менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, се подготвува за живот без Бернардо Силва, кој налето ќе си оди од „Етихад“ и како негова замена го гледа токму Гнабри.

- Оглас -

Најнови вести