Кансело ќе има право да игра за Баерн против својот Сити

Бекот Жоао Кансело ќе биде во непријатна ситуација во четвртфиналето на Лигата на шампионите бидејќи уште е член на Манчестер сити, но како позајмен игра за Баерн Минхен, а правилата велат дека ќе има право на настап против Граѓаните.

Во Премиер лигата не се дозволува настап на играчи кои се позајмени против својот клуб со којшто се под договор, но тоа не важи во ЛШ.

Сити треба да се плаши од Кансело бидејќи Баварците имаат историја на успеси со позајмени. Кутињо даде два гола против Барселона во историските 8-2, а Коман даде гол против Јуве во време кога беше под договор со Старата дама.

- Оглас -

Најнови вести