Кансело се пофали дека го победиле Наполи, Икарди му стави „лајк“

Жоао Кансело по триумфот на Јувентус над Наполи, на „Инстаграм“ напиша: „Сам можеш да направиш многу работи, но заедно можеме да направиме сè. Голема победа, честитки до сите“, и доби речиси 170.000 лајкови, а најинтригантно е што „допаѓање“ има и од ѕвездата на ривалскиот Интер, Мауро Икарди. Кансело и Икарди се поранешни клупски колеги и пријатели, па можеби овој „лајк“ нема преголемо значење, но доволно е да се засилат гласините дека Икарди би можело да се пресели во ривалскиот Јувентус.

Откако Интер донесе одлука да му ја одземе капитенската лента на Икарди, Аргентинецот веќе нема заиграно за „нераѕурите“ и големи се шансите тој летово да си замине од „Џузепе Меаца“. Се шпекулира дека за неговите услуги најзаинтересирани би биле Јувентус и Реал Мадрид.

Икарди пред неколку месеци кога Интер играше со Атлетико, објави фотографија од стадионот на Реал Мадрид, а сега јавно обелодени дека му се допаѓа што Јуве славел против Наполи. Дали овие флертувања со Кралскиот клуб и „старата дама“ ќе вродат со плод, зависи и од неговата сопруга Ванда, која му е и агент.

- Оглас -

Најнови вести