Кантона никогаш не би потпишал за Сити, навивачите на Манчестер јунајтед лути на Роналдо

Доколку Кристијано Роналдо деновиве потпише договор со Манчестер сити и кариерата ја продолжи во градскиот ривал на неговиот сакан Манчестер јунајтед, во кој стана познат и популарен фудбалер и прв клуб со кој се прослави во светскиот фудбал, навивачите на Црвените ѓаволи нема да имаат разбирање за таквиот потег и Португалецот ќе го сметаат за предавник.

Роналдо играше за Јунајтед од 2003 до 2009 година, освои три титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите, на 292 меча даде 118 гола, а водителот Енди Голдштајн вели дека ако Кристијано заигра за Сити, ќе го смета за мртов.

„Тоа би ми го скршило срцето. Ќе бидам многу лут. Знам дека звучи екстремно, но ако Роналдо оди во Сити, тој за мене ќе биде мртов. Ќе биде избришан од мојата меморија дека некогаш бил во Јунајтед. Има работи кои не треба да се прават кога сте ѕвезда, не смее да размисли за вакво нешто. Тој велеше дека го сака Јунајтед, дека би се вратил еден ден, беше поврзан со сер Алекс Фергусон. Ерик Кантона ни за милион години не би заиграл за Сити“, вели Голдштајн.

- Оглас -

Најнови вести