Кантона: Погба сега е фокусиран на фудбалот, а не на фризурите

Француската фудбалска легенда која најславните денови ги мина во Манчестер јунајтед, Ерик Кантона, го пофали својот сонародник и главна ѕвезда на Јунајтед, Пол Погба, за игрите и односот по заминувањето на Жозе Мурињо од клупата на „црвените ѓаволи“.

Според Кантона, новиот менаџер на тимот, Оле Гунар Солсјкер, успеал да го убеди Погба да биде фокусиран на фудбалот, а не на тоа каква фризура ќе има. Ова дава резултат, 25-годишниот Погба е во животна форма и предводник на тимот. Претходно, Мурињо го заглави Погба на клупата за резерви и Манчестер редеше лоши резултати.

„Откако Солскјер стана тренер, Пол ја нема сменето фризурата, а ужива во фудбалот. Можеби сфатил дека приоритет треба да му биде фудбалот, а не имиџот. Најважно е на терен да бидете добри, а другото е само пропратно. Се губи концентрацијата ако постојано мислите на косата, а не фудбалот. Луѓето ќе ве сакаат ако играте добро, а не ако имате необична фризура. Не е проблем да се менуваат фризурите, но фудбалот мора да биде на прво место“ – рече Кантона.

- Оглас -

Најнови вести