Капа доле за потегот на Лукаку! Ова со пари не се купува (Видео)

Интер убедливо со 4:0 ја победи Џенова во меч на кој блескаше Ромелу Лукаку. Белгискиот репрезентативец даде два гола и еднаш асистираше, но сепак потегот на мечот го имаше при голот во кој не е запишано дека учествувал затоа што беше даден од пенал.

Во 64 минута беше досуден пенал за Интер, а Лукаку е прв изведувач на ударите од белата точка. Сепак, Лукаку се реши на еден потег, а тоа е да му даде шанса пеналот да го изведе Себастијано Еспозито. Тоа е тинејџерот кој има само 17 години, а ова му беше деби во Серија А.

Лукаку му ја остави топката на дебитантот, а Еспозито направи да има деби од соништата. Даде гол, а потоа прослави со својата мајка, која заплака од среќa.

https://twitter.com/djsheylex/status/1208458328994729984

https://twitter.com/i/status/1208458328994729984

 

- Оглас -

Најнови вести