Капанен е џокерот на Торонто – Го започна и го заврши гол-шоуто против Детроит

Торонто мејплс лифс го совлада Детроит ред вингс со 5-4 за 25-тата овосезонска победа. Клучен фактор за „ловоровите листови“ беше Каспери Капанен. Финецот го отвори резултатот во воведните 27 секунди од средбата, а потоа во продолжение го постигна решавачкиот гол.

Претходно, Таварес изнуди да се игра дополнителен период откако израмни на 4-4 на осум секунди до крајот на мечот. Торонто сега бележи четири последователни победи на последните пет сребди.

Во Сан Хозе се водеше жешка битка меѓу „ајкулите“ и „којотите“, која заврши во корист на гостите од Аризона по пенал-рулетот. Томас Хертл залудно реализираше хет-трик, неговиот тим ги утна сите три обиди од пенал, во кои учествуваше и самиот Хертл.

Единствениот гол во пенал-рулетот го реализираше Aлекс Галченјок, што беше доволен за славење на гостите од Аризона.

Резултати НХЛ:

Њу Џерси девилс – Колумбус блу џекетс 0-3

Каролина хурикејнс – Бостон бруинс 5-3

Чикаго блекхокс – Флорида пантерс 3-6

Њујорк ренџерс – Филаделфија флаерс 2-3 (на пенали)

Торонто мејплс лифс – Детроит ред вингс 5-4 (по продолжение)

Далас старс – Њујорк ајлендерс 1-3

Сан Хозе шаркс – Аризона којотс 3-4 (на пенали)

Вегас голден најтс – ЛА кингс 3-4 (по продолжение)

 

 

- Оглас -

Најнови вести