Капитените Леброн и Јанис го избраа својот мозаик за Олстар-мечот (Видео)

Двајцата капитени Јанис Адетокумбо и Леброн Џејмс ги одбраа стартните петорки за Олстар-тимовите што ќе ги предводат, а интересни се и двете комбинации за кои се одлучија лидерите на тимовите.

Привилегија прв да бира имаше поискусниот Леброн Џејмс и веднаш го одбра соиграчот Ентони Дејвис во својата стартна петорка, а потоа следуваа и Кавај Ленард, Лука Дончиќ и Џејмс Харден.

Адетокумбо се одлучи за малку помлад тим со Џоел Ембид, Паскал Сијакам, Кемба Вокер и Тре Јанг како стартери заедно со него.

Потоа по обратен редослед двете големи ѕвезди во НБА-лигата ги драфтуваа и резервните играчи.

Еве ги комплетните состави:

Тим Леброн Џејмс, стартери: Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Кавај Ленард, Лука Дончиќ, Џејмс Харден.

Резерви: Демиен Лилард, Бен Симонс, Никола Јокиќ, Џејсон Тејтум, Крис Пол, Расел Вестбрук, Домантас Сабонис. 

 

Тим Јанис Адетокумбо, стартери: Јанис Адетокумбо, Џоел Ембид, Паскал Сијакам, Кемба Вокер, Тре Јанг.

Резерви: Крис Мидлтон, Бем Адебајо, Руди Гобер, Џими Батлер, Кајл Лаури, Брендон Инграм, Донован Мичел.

- Оглас -

Најнови вести