Капитенот го напушта Арсенал, сака да се врати во Франција

Лорен Кошчелни сериозно размислува да го напушти Арсенал по девет години. Искусниот дефанзивец доби понуда да се врати во Франција, Лион е тимот кој го мами Кошчелни со двегодишен договор. Доколку фудбалерот одлучи да се раздели со лондонскиот тим, Емери нема да му стои на патот бидејќи планот е да се „реновира“ одбранбената линија за новата сезона.

Французинот е член на Арсенал од 2010 година, по само две години откако пристигна на „Емирати“ ја доби довербата од тогашниот менаџер Арсен Венгер да биде капитен на Топчиите, а лентата ја наследи од Робин Ван Перси по неговата преселба во Манчестер јунајтед.

Кошчелни во девет сезони настапи на вкупно 353 натпревари во дресот на Арсенал, а како успех ги смета трите освоени трофеи во ФА купот, во 2014, 2015 и 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести