Капитенот на Арсенал со еден „лајк“ ги изнервира навивачите на овој клуб (ФОТО)

Екипата на Арсенал загуби на вчерашното дерби против Манчестер јунајтед со 3:2, во еден од најинтересните натпревари во досегашната сезона од Премиер лигата.

Пјер Ерик Обамејанг, кој е капитен на тимот од Лондон, имаше неколку шанси по кои можеше да постигне гол и со тоа да донесе позитивен резултат, но до тоа не дојде.

Сепак, популарниот Ауба ги изнервира навивачите на Арсенал бидејќи тој „лајкуваше“ една од фотографиите на Кристијано Роналдо каде што се радува на победата токму на вчерашниот меч.

Сето тоа предизвика голем гнев кај фановите на Топчиите, а голем дел од нив бараат и промена на капитенот.

- Оглас -

Најнови вести