Капитенот на Астон вила купи куче чувар за 28.000 евра (Фото)

Англискиот репрезентативец Деле Али неодамна имаше многу лоша авантура, кога беше цел на вооружени крадци. Разбојниците влегле во домот на Али и со закана успеале да го ограбат фудбалерот кој заработил и мали расекотини од нож по телото. Покрај Али, во домот биле и неговата девојка, потоа брат му и неговата девојка и уште еден пријател. Сите петмина биле заложници на двајцата разбојници кои успеале да однесат работи вредни повеќе од 100.000 фунти.

Токму поради оваа лоша случка, дел од фудбалерите во Англија започнаа дополнително да се заштитат. Џек Грилиш, капитенот на Астон вила, се пофали дека купил куче чувар вредно 28.000 евра. Се работи за дресиран белгиски овчар, а Грилиш преку социјалните мрежи упати и порака до евентуалните крадци кои би сакале да го ограбат дека ќе имаат една опасна пречка пред нив.

Претходно кучиња дресирани за чување на домот купија и Рахим Стерлинг, Маркус Рашфорд, Рио Фердинанд и Уго Љорис.

- Оглас -

Најнови вести