Капитенот на Астон вила не знае каде тера, па затоа доби деветмесечна суспензија (Видео)

Џек Грилиш, англискиот репрезентативец и член на Астон вила, денеска беше на суд во Бирмингам поради прекршоци направени додека возел автомобил. Капитенот на Астон вила е казнет со девет месеци забрана за возење, а ќе треба да плати и 82.500 фунти парична казна.

Грилиш призна дека е виновен за оштетување на три автомобили додека возел на еден паркинг на 29 март, како и за казната поради брзо возење на 18 октомври.

„Тоа е ужасно возење кое може да загрози нечиј живот. Беше обвинет поради невнимателно возење, но тоа очигледно дека немало влијание врз него затоа што подоцна беше фатен и како вози со преголема брзина. Неприлагодената брзина е еден од главните фактори за сообраќајни несреќи со фатален крај. Шокирани сме затоа што тој треба да биде пример за останатите, а се однесува толку непромислено“, изјави обвинителката Тања Џонсон.

 

- Оглас -

Најнови вести