Капитенот на Аталанта се чувствува како да е во хорор филм

Цела Италија е во карантин уште од почетокот на оваа недела откако ситуацијата со коронавирусот излезе од контрола. До вчера се забележани вкупно 17.000 случаи на заразени, додека повеќе од 1.200 лица ја азгубија животната битка со вирусот Ковид-19. Освен супермаркетите сè друго е затворено, додека на граѓаните им е наредено да ги напуштаат своите домови додека трае епидемијата.

Капитенот на Аталанта Алехандро Папу Гомес за едно италијанско радио проговори каква е ситуацијата во Бергамо, каде што се забележани 400 случаи на заразени.

„Не претерувам, се чувствувам како да сум во хорор филм. На улиците нема никој, добро е што луѓето ги почитуваат правилата во овој кризен период. Работат само супермаркетите, но и може да се направат нарачки преку интернет и да ни бидат доставени до дома, така што не мора да ги напуштаме живеалиштата“, истакна Гомес.

Пред фудбалот во Европа да застане, Аталанта испиша историја со својот прв пласман во топ 8 фазата од Лигата на шампионите, откако двомечот со Валенсија во осминафиналето го доби со вкупен резултат од 8-4 (4-1 на домашен терен и 4-3 на гости).

- Оглас -

Најнови вести