Капитенот на Атлетик грмна против судиите: Знаевме дека Реал ќе има помош од судиите

Реал Мадрид по втор пат за само неколку дена стигна до минимална победа од 1:0 и тоа со гол од пенал на Серхио Рамос. Кралскиот клуб денеска се радуваше на гости кај Атлетик Билбао, а Рамос покажа дека не греши од белата точка. По дуелот, капитенот на Атлетик Билбао, Икер Муниаин јавно го изрази незадоволството од судењето на денешниот меч.

Муниаин вели дека неговиот тим заслужил да освои бод против Реал Мадрид, но било јасно дека противникот ќе има помош од судиите.

„Во последните неколку дена ни стана јасно кој тим ќе има помош од судиите на овој меч. Сите спорни ситуации беа досудени во корист на Реал. Раул Гарсија заработи сериозна повреда по стартот на Рамос, а судијата воопшто не сакаше ниту да ја погледа таа ситуација преку ВАР системот. Заслуживме да освоиме бод“, рече револтираниот Муниаин.

Капитенот на Атлетик ги загуби нервите во последните минути од мечот, кога намерно грубо го турна Лука Модриќ, а потоа настана мешаница.

За тоа што се случуваше на дуелот Атлетик Билбао и Реал Мадрид и која е спорната ситуација за која зборува капитенот на Баскијците, прочитајте ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести