Капитенот на Бразил го критикуваше селекторот на Србија

Бразил прилично рутински со 2:0 ја победи Србија, а по дуелот капитенот на Кариоките, Тијаго Силва, реши да му одржи лекција на селекторот на противниците. Според Силва, стратегот Драган Стојковиќ-Пикси не покажал доволно почит кон противникот со изјавите кои ги даваше пред средбата.

Пред дуелот со Бразил, Пикси кога го прашаа што мисли за тоа дека Бразил може да игра со четворица напаѓачи, во шега рече: „Ќе играат со четворица напаѓачи? Па ќе имаат ли одбрана тие?“.

На овие зборови на Пикси, очигледно се налутил дефанзивецот Тијаго Силва.

„Пред мечот нивниот тренер се чудеше дека Бразил ќе игра со четворица во нападот и се прашуваше дали ќе има кој да го чува нашиот гол. Тоа не беше убаво. Тоа е недостаток на почитување. Ние бразилските дефанзивци имаме голема традиција и историја. Тука сум јас, потоа Маркињос, Данило, Алекс Сандро… Го имаме и голманот Алисон. Мислам дека тој тренер треба да собира повеќе информации за противниците“, рече Тијаго Силва по победата над Србија.

- Оглас -

Најнови вести