Капитенот на Челзи има нов клуб, се враќа во татковината

Сесар Аспиликуета и Челзи го спогодбено го раскинаа договорот една година пред неговиот истек и фудбалерот беше слободен да си бара нов клуб. Шпанецот тоа и го направи и во следните две сезони ќе настапува во Атлетико Мадрид.

За 33-годишниот Аспиликуета ова ќе биде само четврти клуб во неговата кариера која ја започна во Осасуна, а потоа две сезони настапуваше за Марсеј.

Од 2012-тата е во Челзи каде на теренот мина 42.239 минути во 508 настапи, а постигна и 17 голови.

- Оглас -

Најнови вести