Капитенот на Гана промаши пенал во 96-тата минута, нивните навивачи славеа како да станале прваци (Видео)

Додека се играа натпреварите во европската Лига на нации, на африканскиот континент беше завршицата од квалификациите за пласман на Африканскиот куп на нацииte. Репрезентацијата на Гана е една од најуспешните на овој континент, но овојпат имаше квалификации за заборав.

Четирикратниот освојуваш на континенталниот трон (1963, 1965, 1978 и 1982 година) последен пат во финалето играше во 2015 година, а сега воопшто нема да биде дел од завршницата. Делува чудно, но Гана заврши на последното место во групата.

Во последното коло, Гана на свој терен играше против аутсајдерот Нигер и загуби со 2:1. Во последните моменти од мечот, односно во 90+6 минута, Гана имаше шанса да израмни на 2:2, но капитенот Мохамед Кудус промаши пенал. Ова промашување на Кудус наиде на голема радост кај фановите на Гана, кои едноставно го бојкотираат Кудус.

Кога Кудус ја презеде капитенската лента од легендарниот Џордан Ајев, тој го зеде и дресот со бројот 10. Многу навивачи беа контра одлуката Кудус да е нов капитен затоа што фановите сметаат дека овој играч воопшто не го дава максимумот кога игра за националниот тим, за разлика од квалитетот со којшто игра на клупски план во дресот на Вест хем.

Кога Кудус ја презеде одговорноста да го шутира пеналот, навивачите од трибините скандираа „оди си, оди си“. Кога шутот на Кудус го одбрани голманот на Нигер, навивачите на Гана почнаа да се радуваат, да танцуваат како нивната селекција да станала светски првак, а не како да изгубила и не успеала да се пласира на Африканскиот куп на нациит.

- Оглас -

Најнови вести