Капитенот на Камерун направи нешто што на никого не му успеало уште од Зидан во 2006 година

Камерун е елиминиран од Светското првенство, иако во последнто коло од групната фаза го победи Бразил со 1:0. Капитенот на Камерун, Винсент Абубакар беше стрелец на голот кој донесе радост во дуелот со петкратниот светски првак.

Абубакар постигна убав гол со глава и тоа во судиското надополнување, а стрелецот на погодокот веднаш го соблече дресот во знак на радост. Во еуфоријата дека постигна гол, Абубакар заборави дека веќе има еден жолт картон, а дека соблекување на дрес значи нова јавна опомена, па судијата мораше да му даде црвен картон.

Ова исклучување на Абубакар е специфично затоа што дури 16 години се немаше случено фудбалер кој постигнал гол на истиот натпревар да биде исклучен. Последен пат тоа му се случи на легендарниот Зинедин Зидан и тоа во финалето на СП 2006 година против Италија.

Зидан даде гол од пенал во 7 минута, а Марко Матераци израмни во 19 минута за 1:1, па мораа да се играат продолженија. Непосредно пред крајот на второто продолжение, токму Матераци успеа да го изнервира Зидан, а капитенот на француската репреентација со глава го удри противникот во градите и за тоа доби директен црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести