Капитенот на Левски вели во Скопје ќе се чувствувале како дома, утре доаѓаат 1.200 бугарски фанови?!

Екипата на Левски ќе има одлична поддршка на утрешното гостување во Скопје кај Шкупи, според најавите на некои бугарски медиуми, биле купени 850 билети, а се очекува бројката до утре да порасне и до 1.200.

Инаку, максималниот број на билети кој може да го добие Левски е 1.600. Фановите на софиските Сини ќе бидат сместени на западната трибина на Арената „Тодор Проески“, имаат и детално објаснување каде треба да се движат, а каде не смеат, полициското обезбедување ќе биде силно, а од тимот на Левски велат дека поради поддршката која ја имаат, секаде се чувствуваат како дома.

„Каде и да сме играле, никогаш не сме чувствувале недостаток на поддршка, секогаш се чувствуваме како домаќини“ – рече капитенот Андриан Краев на прес-конференцијата.

Тренерот Николај Костов, истотака ги спомна навивачите.

„За нас е многу важно да бидеме поддржани од нашите фанови, убаво е што ќе бидеме поддржани од толку наши навивачи. За играчите тоа ќе биде мотивирачко“ – вели Костов, кој најави дека во Скопје се дојде по победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести