Капитенот на Ливерпул открива: Сакав да го убијам Суарес

Џордан Хендерсон во 2011 година од тимот на Сандерленд направи трансфер во Ливерпул. Тоа беше трансфер за кој ретко кој би рекол дека овој играч ќе стане капитен на Ливерпул. Хендерсон не бил многу задоволен од првите години, што поради слабите резултати на клубот, но и поради неговите несигурни игри.

Во еден период Хендерсон имал големи несогласувања со Луис Суарес, кој беше главна ѕвезда на „Енфилд роуд“. Уругваецот кога дојде од Ајакс, веднаш покажа дека е класа играч, што дополнително му создало притисок на Хендерсон.

„Кога си фудбалер, секогаш има критика и луѓето почнуваат да се сомневаат во тебе. Во тоа време бев млад и имаше некои работи кои не ми се допаѓаа. Посебно не се чувствував добро поради Луис Суарес. Постојано ги ширеше рацете во стилот „Што прави овој“. Како да не требаше да бидам дел од тимот. Тоа многу ме болеше. Трипати ми го направи тоа и потоа експлодирав. Сакав да го убијам. Сепак, потоа работите се сменија. На следниот меч му асистирав за погодок и тој го смени односот кон мене. Станавме многу блиски. Тој уште е еден од оние играчи од кои можам да научам многу“, вели Хендерсон, кој дочека со Ливерпул да стане и европски првак.

 

- Оглас -

Најнови вести