Капитенот на Македонија тргна да се тепа со играч на Хајдук, беше запрен од младиот Атанасов

Фудбалерите и навивачите на Хајдук по победата на „Максимир“ ги провоцираа своите ривали од Динамо Загреб, а еден од играчите на Динамо на кои тоа најмногу им пречеше беше Стефан Ристовски.

Капитенот на македонската репрезентација ги загуби нервите и се обиде „да му објасни“ некои работи на играч на Хајдук кој дотрча од клупата да слави на теренот, но, за среќа, беше запрен од Јани Атанасов.

Македонскиот репрезентативец кој игра за Хајдук беше прибран и успеа да го спречи Ристовски да направи поголем инцидент за кој би добил и казна.

- Оглас -

Најнови вести