Капитенот на Манчестер јунајтед со срамен потег, а сите се чудеа како изреагира Каземиро (Видео)

Манчестер јунајтед со 2:1 ја победи Барселона и тоа беше доволно за да го елиминира големиот ривал од Лигата на Европа. Бруно Фернандеш, кој ја носеше капитенската лента на Манчестер јунајтед, асистираше за погодокот за 1:1, а беше и еден од најактивните на теренот, па секако и меѓу хероите во оваа победа.

Сепак, еден момент стави дамка на добрата игра на Португалецот. Во еден момент Де Јонг беше фаулиран, а играчот на Барселона падна на теренот. Во тој момент топката дојде до Бруно Фернандеш, кој со сета сила шутна, и тоа директно во паднатиот фудбалер на противникот.

https://twitter.com/i/status/1628888255520202752

За овој потег играчот на Манчестер јунајтед доби жолт картон, но покажа неспортско однесување кое не треба да биде карактеристично за капитен на еден од најголемите клубови во светот.

Во целата оваа ситуација и хаосот кој се случи, најинтересна беше реакцијата на Каземиро, кој беше во близина, но реши воопшто да не се вклучува во мешаницата.

https://twitter.com/i/status/1628880308157161473

- Оглас -

Најнови вести