Капитенот на Марсеј ја напушта Европа, но нема да оди во Саудиска Арабија

Доскорешниот капитен на Олимпик Марсеј, Димитри Паје, се одлучи на изненадувачки потег и кариерата ќе ја продолжи во Јужна Америка. Неговиот договор со Марсеј истече летово, но иако имаше понуди од други француски клубови, сепак, се одлучи да потпише за бразилскиот Васко да Гама.

Тој за француските медиуми изјави дека од голема почит кон Олимпик Марсеј, чиј дрес го носеше на 326 натпревари се одлучил да не потпише за друг клуб во Франција.

За Паје ова нема да биде прво искуство надвор од Европа, бидејќи на почетокот од својата кариера настапуваше за клубот Ексцепсиор на островот Реунион во Индискиот окен.

- Оглас -

Најнови вести