Капитенот не трпи дрскост и провокации: Не викај, Венцислав! (фото)

Атмосферата веќе со денови е загреана, нетрпеливо се чека првиот судиски свиреж во Разград, каде што Македонија ќе го покаже својот квалитет против Бугарија за посакуван успешен старт на новиот циклус во Лигата на нациите.

Во меѓувреме, нашиот источен сосед, односно тамошните фудбалски работници, провоцираат во пресрет на дуелот омаложувајќи ја нашата селекција.

Еден од нив е претседателот на Славија Софија, Венцислав Стефанов, кој дрско изјави за бугарските медиуми дека не смее да се стравува од репрезентација како Македонија.

„Која е таа Македонија? Како да стравуваме од нив кога вчера станаа држава? Ние сме 100% фаворити во групата, ако се плашиме од Грузија, Гибралтар и Македонија, подобро да не играме фудбал“, истакна Стефанов.

Додека целиот Стар Континент посведочи на нашиот историски настап на ЕП минатата година и бевме на чекор од пласман на Мундијалот во Катар, се чини дека во Бугарија не се запознаени со овој факт.

И не мора да знаат бидејќи капитенот Стефан Ристовски не трпи провокации и веднаш го возврати „ударот“. На својот инстаграм-профил Ристовски објави фотографија на Стефанов споредувајќи го со нилски коњ и му посочи да не вика, најавувајќи дека следува казна за сите кои ги потценуваат Рисовите.

- Оглас -

Најнови вести