Капитенот побара да се смени формацијата и Милионерите потоа го згазија противникот

Борусија Дортмунд во новото првенство од Бундеслигата стартуваше со убедлива победа над Ајнтрахт Франкфурт. Главна ѕвезда на мечот беше норвешкото чудо од фудбалер, Ерлинг Халанд, кој даде два гола, а имаше и три асистенции, што значи дека директно учествувал во сите пет погодоци за Милионерите.

Сепак, тоа што малку кој го примети на мечот е влијанието што го има капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс. Фудбалерот со капитенската лента на сред игра во првото полувреме комуницираше со тренерот Марко Роуз и од него побарал да има смена на формацијата.

„Ројс во еден момент дојде и ми сугерираше да играме 4-2-3-1, затоа што Ајнтрахт игра во друга формација од таа што очекувавме. Гостите играа 4-1-4-1. Му реков дека може да се смени формацијата, затоа што тој како капитен ако почувствувал дека нешто треба да се смени на теренот, тоа е добро. Браво, затоа што ја погоди формацијата. Покажа дека е вистински лидер на теренот“, откри по средбата тренерот Марко Роуз.

 

- Оглас -

Најнови вести