Капитенската лента на Роналдо ја собра работник и одлучи да ја продаде за спас на болно дете

Многумина се прашуваа каде заврши капитенската лента која ја фрли налутениот Кристијано Роналдо на тревникот на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград откако не му признаа гол. Одговорот дојде брзо. Лентата на португалскиот капитен ја собрал еден работник на стадионот кој бил дежурен вечерта кога играа Србија и Португалија.

Работникот одлучил да се приклучи во хуманитарна акција и лентата на славниот фудбалер ќе биде продадена на аукција, со тоа што парите од продажбата ќе бидат за лечење на шестмесечно дете од Крагуевац. Малиот Гаврил боледува од спинална мускулна атрофија и за неговото лекување потребни се дури 2,5 милиони евра.

Во Србија во тек е акција за собирање на средства, а тој што во следните три дена ќе плати најмногу за лентата, ќе си ја има дома и ќе помогне за лекување.

- Оглас -

Најнови вести