Капитенската лента во Арсенал како да е проколната

Арсенал вечерва има релативно лесна задача против Олимпијакос да ги елиминира Грците, со оглед на гостинската победа од 3-1 на првиот дуел, а во составот на Топчиите се очекува во стартниот состав да се најде Пјер Емерик Обамејанг, напаѓачот кој беше казнет за недисциплина од менеџерот Микел Артета.

Во последните сезони, без разлика кој фудбалер ја носи капитенската лента во клубот од северен Лондон, постојано се случуваат некакви контроверзи и несакани случки.

Серијата почна уште во 2008 година кога Вилијам Галас јавно ги критикуваше своите соиграчи, па лентата му беше одземена. Потоа, Сеск Фабрегас во 2011 година штрајкуваше, за да ја присили управата да го продаде во Барселона, што му беше трансфер од соништата. Па, дојде редот на Робин Ван Перси кој му сврте грб на Арсен Венгер и наместо да го продолжи договорот, замина во Манчестер јунајтед во 2012 година.

Потоа следуваше релативно мирен период, во кој Томас Вермален, Микел Артета и Пер Мертезакер немаа турбуленации, а „проклетството“ повторно се појави кога лентата на ракав ја носеа Лоран Косчелни и Гранит Џака. Французинот одби да патува на претсезонска турнеја во Америка во 2019 година, а Швајцарецот само шест недели беше капитен, бидејќи на навивачите на Арсенал им порала да се еб.. откако го исвиркаа на еден меч на „Емирејтс“.

Сега капитен е Обамејанг. Засега не му ја одземаат лентата, но доцнењето кое беше казнето со неиграње против Тотенхем, е сигнал дека нема да се толерира недисциплина. Оба е најплатен играч и капитен, но строгиот Артета докажа дека тој е шеф и мора да се почитуваат неговите правила.

- Оглас -

Најнови вести